Втора работилница за Стратешко планирање

Кои се клучните успеси кои што Рурална Коалиција ги има постигнато во изминатите 2 години? На кои главни приоритети и теми треба да работи во наредниот четиригодишен период? Кои се главните предизвици со кои што се соочува секторот земјоделство и рурален развој, но и до каде сме со процесот на унапредување на родовата еднаквост и нејзиното вкклучување во националните и локални аграрни политики? Каде е жената од руралната средина во процесите на одлучување, но и во делот на едукација и еманципација? До каде сме со економското јакнење, но и социјалната инклузија на жените од руралните средини? Ова се само дел од прашањата на кои што се обидовме сите заедно денес да дадеме одговор на втората работилница за стратешко планирање на Коалицијата која што се одржа во село Тумчевиште, Гостивар со почитување на сите здравствени протоколи. Работилницата е организирана во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа”, проект коj што е регрантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија #ЕУ