Отчетност, транспарентност, социjална инклузиjа, децентрализациjа се само дел од основните постулати на кои што се темели програмата на Civica Mobilitas, рече денес, меѓудругото, тим лидерот на програмата на Цивика Мобилитас @Petrus Theunisz на денешниот прв состанок со институционалните грантисти, меѓу кои што е и Рурална Коалициjа. Цивика Мобилитас значи и учење, Цивика Мобилитас значи и мотивациjа, Цивика Мобилитас значи и споделување на знаења и искуства, но и ПРИПАДНОСТ на ЗАЕДНИЦАТА на граѓански организации кои што придонесуваат кон позитивни промени во граѓанското општество. Институционалното jакнење, организацискиот развоj, но и промените каj граѓаните овозможуваjќи jа нивната социjална инклузиjа во секторот земjоделство и рурален развоj преку транспарентен, отворен и партиципативен процес на соработка и директна комуникациjа со граѓаните и со заедницата воопшто, Рурална Коалициjа во наредните две години ќе го прави со поддршка на Civica Mobilitas. Повеќе за проектот и за активностите може да прочитате на страницата на организациjата во делот за проекти.
Прочитајте повеќе
Рурална Коалициjа ќе ги jакне своите институционални капацитети со поддршка на програмата на Цивика Мобилитас
