Работилница за кодекс за добро управување

Дали разликуваме што е улогата и работата на извршните и неизвршните органи во организациjата? Што значи да се биде транспарентен во самата организациjа ама и кон своето членство вклучуваjќи ги тука извршните и управните органи? Дали надзорот на работата на организациjата е потребен и коj е наjдобро да го врши истиот? Што значи судир на интерес и како истиот да се превенира во рамките на Коалициjата? Ова беа само дел од прашањата на кои што се дискутираше на работилницата за изработка на кодекс на добро управување на Рурална Коалициjа како дел од проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа”. Работилницата се организираше на отворено во рурална средина во два посебни дела со минимален број на учесници и со практикување на сите мерки и протоколи за заштита од Корона вирусот затоа што здравјето на нашите членови и учесници е ставен пред сите приоритети на организацијата. Проектот е ре-грантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Униjа #ЕУ

Повеќе на нашата facebook страна