ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО УСЛОВИ НА РАБОТА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД COVID-19

Кризата предизвикана вирусот COVID-19, врз основа на препораките на Владата, ги принуди наjголем дел од вработените да продолжат да ги завршуваат работните активности од дома, како една од мерките за превенција од ширење на заразата. За жал, поради спецификите на секторот, жените во руралните средини не се во можност да ги следат овие препораки бидејќи работата во земјоделството бара присутност на нива. Нивната работа е зголемена и дома и на полето, бидејќи во земјоделството има недостаток на сезонски работници, па семејствата сами ги извршуваат активностите на поле. Сепак, товарот на домашните обврски целосно се пренесува на жените. Дополнително, поради нивниот ангажман околку домот доцни земjоделската работа поради тоа што е период на прихрана, сеење на леи, садење на дел од културите, а грижата за стоката е секоjдневна и продолжува.

На линкот подолу може да ги прочитате усогласените препораки на работната група за родова еднаквост која што делува во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во која што членуваат сите чинители во земјоделскиот сектор. Работата на групата е поддржана од UNWomen во рамките на проектот  „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. Препораките се достапни на македонски и англиски јазик

  Повеќе Македонска верзија        Повеќе Англиска верзија