Препораки за надминување на продлабочениот родов jаз во руралните средини поради Ковид 19

Следеjќи jа состоjбата со кризата предизвикана од Ковид 19, Рурална Коалициjа ги изготви и првите препораки кои што се однесуваат на жените во руралните средини, а кои што се доставени и до надлежните институции со цел побрзо и побезболно надминување на последиците од кризата. Во исто време ваквите препораки треба да ги дадат одговорите на прашањето што по Ковид 19 и од каде да се почне со унапредувањето на родовата еднаквост во руралните средини? Препораките ќе бидат надополнувани со самиот понатамошен развоj на ситуациjата и делувањето на чинителите во општеството.

Препорака бр. 1: За сите огласи за финансиска поддршка обjавени по сите мерки (закуп на државно земjоделско земjиште, ИПАРД мерки, директни плаќања, мерки од Програмата за рурален развоj итн.) кои што беа завршени, а за кои што не се обjавени резултати, тоа да се направи во наjкраток можен рок, а тука особено акцентот го ставаме на мерката 115 за поддршка на активен женски член-носител на семеjно земjоделско стопанство – каде што пак нашиот предлог е да се распределат средствата на сите пристигнати апликации со што директно ќе се поддржат и потпомогнат економски жените;

Препорака бр. 2: Да се направат напори и да се излобира да се зголеми сумата коjа што ќе се доделува по грант за идните повици во однос на оваа мерка барем до 10.000 евра по грант;

Препорака бр. 3: Да се пренаменат средствата од техничката поддршка наменета за здружениjата за локални манифестации и саеми кои што и повеќе од очигледно е дека оваа година нема да се одржуваат и истите во вид на посебни мерка/мерки да се доделат на жените од руралните средини за надминување на економските предизвици со кои што се соочуваат опфаќаjќи ги при тоа сите жени од рурални средини, а не само земjоделките;

Препорака бр. 4: Да се поттикнува и промовира со сериозни кампањи регистрирањето на жените како индивидуални земjоделки со целосно здравствено и социjално осигурување кое се покажа и тоа како потребно во рамките на оваа криза, како и да се пристапи кон целосно усогласување на законите кои што се поврзани со регистрациjата;

Препорака бр. 5: И понатаму да се олеснуваат критериумите или да се зголемува бодувањето за жените носителки на земjоделските семеjни стопанства за сите програми и мерки, а особено во предвид да се има сопственоста на земjоделското земjиште (сопственост, а не закуп);

Препорака бр. 6: Да се поврзат жените производителки со краjните потрошувачи како би им се помогнало да надоместат дел од економските загуби кои што ги имаат во моментов со неодењето на локалните пазари каде што ги пласираат и продаваат своите производи; Ова особено е поврзано и со носењето на правилникот за продажба од куќен праг за растително производство по примерот на правилникот за сточарско производство коj што е веќе донесен;

Препорака бр. 7: Да се обрне внимание и да се изнаjдат наjсоодветните начини за споделување на информации со жените од руралните средини, но информации прилагодени на нивните потреби;

Препорака бр. 8: Да се зголеми нивото на дигитална/информациска писменост генерално каjруралното население, а со посебен фокус на жените со оглед на тоа што дел од жените се наjдоа и тоа како затечени со процесите и поддршката на on-line учењето на нивните деца;

Препорака бр. 9: И понатаму да се застапува за изградба на градинки или изнаоѓање на алтернативни начини за згрижување на децата во руралните средини;

Препорака бр. 10: Да се субвенционираат или да се изнаjдат сезонски работници со финансирање на дел од дневница или преку друг модел со ангажирање на средношколци, студенти, млади и од урбани средини или секоjкоj што е заинтересиран да помогне;

Препорака бр. 11: Мерките кои што ги обjавува Владата особено во делот на критериумите да се родово сензитивни и особено прилагодени и на економската состоjба и условите за делување во рурални средини во однос на приходи, достапност на услуги итн.