Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина

Предизвиците со кои што се соочуваат жените од руралните средини се наjразновидни, а често пати и незамисливи за сите ние кои што сме дел од урбаните средини и ги имаме на дофат сите услуги и информации дури и во ова време на криза. Но, на село работите како и воопшто да не се промениле, тоа што мора да се сработи мора да се сработи и во услови на криза затоа што храна мора да се произведе. Маски не се носат ама дистанца се држи и се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 онолку колку што тоа е возможно и има услови. Како жените во руралните средини се справуваат со кризата, кои се нивните потреби, но и кои се нивните животни приказни со кои што ќе се запознае пошироката jавност ќе бидат главните теми на кои што Рурална Коалициjа ќе работи во наредниот период во рамките на проектот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина”, финансиски поддржан во рамките на програмата на https://civicamobilitas.mk/

П.С. Во селото Тумчевиште и на имотот на Живка Ѓурчиноска се работи интензивно и во услови на криза. “Нема работа од дома, нема работа on-line” е главната порака на Живка овие денови.