fondacija1

Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: 01 ноември 2019 – 30 jуни 2020

Проектот е еден од ретките коj што дава една поинаква димензиjа и перцепциjа воопшто за земjоделците и руралното население, а особено за жените од руралните средини кои што поради владеењето на традиционалните бариери често пати немаат ниту основни информации за она што се случува како процес во државата, а уште пак помалку да го практикуваат тоа што како право им следува. Често пати не се ни реагира на мерки или одредени активности или однесувања во општеството затоа што не се ни препознаени дека се дискриминаторски поради немање на  информациjа или познавање на темата. За прв пат ќе се прашаат жените од руралните средини и за своите ставови и позиции за ЕУ интеграциjата на нашата земjа, но во домен коj што се однесува токму на нивните права и колку истите ги уживаат, а нема да биде поврзано само со она што го работат на нива или на поле. На таков начин жителите на руралните средини ќе добиjат една поинаква перцепциjа и разбирање на ЕУ интеграциските процеси, односно дека истите започнуваат од практикувањето на основните човекови права кои што треба да бидат исти и да важат за сите, односно како да се подобри нивната социjална и економска положба како идни граѓани на ЕУ, а во рамките на Поглавjето 23 – Правосудство и темелни права, па дури потоа да се разговара конкретно за она што го работат како деjност.

Општа цел: Жените од руралните средини го разбираат, но и даваат придонес кон процесот на пристапување кон ЕУ преку унапредување на сопствените права и родовата еднаквост согласно реформските процеси од Поглавје 23

Специфични цели:

  1. Да се утврди реалната состоjба во руралните средини со женските економски и социjални права, но и да се направи компарациjа со земjи – членки на ЕУ за степенот на практикување на родовата еднаквост како дел од Поглавjето 23
  2. Со зајакнати знаења и капацитети за поглавjето 23 жените од руралните средини ЕУ се подготвени да даваат активен придонес во процесот на градење на позиции и ставови за унапредување на родовата еднаквост во руралните средини

Резултат(и):

Р.1. Утврдена реалната состоjба на практикувањето на фундаменталните права и родовата еднаквост од страна на жените во руралните средини

Р.2. Изработена компаративна анализа за степенот на практикување на родовата еднаквост во земjите – членки на ЕУ

Р.3. Зголемени знаења на руралното население за поглавjето 23 и ЕУ интеграциските процеси во делот на практикување на основните човекови права и родовата еднаквост и рамноправност

Р.4. Зајакната свест и капацитети кај руралното население со фокус на жените за потребата од познавање на ЕУ интеграциските процеси, како и нивно директно вклучување во градењето на позиции и ставови поврзани со реформските процеси во Поглавjе 23

Активности:

А.1. Подготовка на прашалници и мапирање на подрачjа во 5-те плански региони за теренско истражување

А.2. Спроведување на истражувањето на терен за степенот на познавање и ниво на информираност кај руралното население со фокус на жените за Поглавjе 23 и ЕУ интеграциските процеси

А.3. Изработка на компаративна анализа за практикувањето на фунадменталните права и родовата еднаквост во руралните средини во земjи-членки на ЕУ

А.4. Изработка на промотивен материjал – инфо графици, флаери, постери, ЕУ информатор за поглавjе 23

А.5. Организирање на Еу-Поглавjе 23 инфо денови во 10 рурални месни заедници 

А.6. Спроведување на повторно истражување на терен на 100 испитаници за познавањето на процесот за пристапување кон ЕУ и Поглавjе 23 по завршувањето на инфо кампањата

А.7. Организирање на завршен настан во вид на изложба од слики со главни пораки на жените

Проектот  е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.