Отпочна Академијата за жени претприемачки од руралните средини

Објавено на 09.06.2022 година.

Работната недела ја завршуваме со почетокот на Академијата за жени претприемачки од руралните средини.

Успеавме да се собереме 30 жени, моќни, работиливи, секоја уникатна, ама секоја економски мотивирана да стане столб не само на сопственото семејство туку и столб во локалната заедница од која што доаѓа.

30 жени, 13 недели за прв пат ќе имаат можност во нашата држава да ја поминат сертифицираната програма Dream Builder и буквално ќе имаат можност да го реализираат својот сон и бизнис низ Академијата, учејќи од најдобрите во делот на изработка на бизнис план, промоција, маркетинг, развој на дигитални вештини, освојување на нови пазари!

13 недели следете не со различни модули, информации, нови знаења и можности!

Академијата за жени претприемачки од руралните средини ја спроведува Амбасадата на САД во нашата земја во партнерство со Рурална Коалиција и Наша тезга.