Реализирана средба со локални здруженија и промовиран кодексот на граѓански организации

Објавено на 17.05.2022 година.

Како што се интензивираат работите на поле, така се интензивираат и нашите активности на терен. Вчера бевме во Повардарието, поточно во Кавадарци, каде што во соработка со нашите долгогодишни партнери и членки, Здружението за родова еднаквост “Визија” од Кавадарци, успеавме на едно место да ги собереме сите локални чинители и да разговараме за реалните состојби во земјоделството, руралниот развој, секако со фокус на лозарството.

Како особено значајни делови од дискусијата кои што особено се нагласија на средбата беа: учеството на здруженијата во консултативните процеси и работни групи на институциите, потребите од измена на критериумите кај социјалните и економски партнери на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како единствено подобни партнери за учество во потсекторските групи, понатаму за потребата од преквалификација и доквалификација на жените од руралните средини, намалување на долгиот период за исплата на средства од програмите за поддршка на земјоделството, како на пример мерката 115 за поддршка на активен женски член во семејното земјоделско стопанство, олеснување на критериумите особено во делот на давањето под концесија на државното земјоделско земјиште на млади земјоделци итн…

Она што исто така го направивме вчера беше промоција на Кодексот на граѓанските организации кој што ги дава основите за транспарентност и отчетност на граѓанските организации, при што беа поканети локалните здруженија истиот да го разгледаат и потпишат со што ќе ја докажат својата заложба дека се подготвени и да ги градат своите капацитети и да вложуваат во сопствената транспарентност и отчетност на ист начин како што тоа го бараат од институциите.

Средбата беше организирана во рамките на годишната програма за работа на Рурална Коалиција која што со институционален грант е поддржана од Civica Mobilitas.

Кодексот пак го промовираме заедно со Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС како и организациите потписнички на истиот