Соопштение до медиуми

Објавено на: 24.03.2022 година

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара да се направи ребаланс на буџетот за да се предвидат средства за реализација на Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество не се согласува со запирањето на постапката за донесување на Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Со ваквата одлука, Владата ја напушта досегашната добра пракса за консултации со Советот и со граѓанските организации, што е спротивно на нејзините заложби декларирани во Програмата за работа на Владата 2022-2024 година, особено во делот на обезбедување поволно опкружување за работа на граѓанското општество и реформата на државното финансирање на граѓанските организации.

Советот, како што беше случај и во изминатите четири години, по спроведување на широк процес на консултации со граѓанското општество ја подготви и донесе Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година. За жал, Предлог-Програмата беше тргната од дневен ред на седница на Генералниот колегиум на државни секретари, поради негативно мислење од Министерството за финансии со
образложение дека средствата во износ од 15.000.000 денари планирани во буџетот на Генералниот секретаријат се строго наменски. Имено, при разгледување на Дополнетиот-Предлог Буџет, во владина процедура е нотирано дека средствата во висина од 15.000.000 денари ќе бидат наменети за потребите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, а за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондациите се планирани средства во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Прочитај повеќе…