Презентирање на извештаите за граѓански мониторинг на локалните е-услуги во општините Врапчиште, Кривогаштани и Старо Нагоричане

Објавено на 29.12.2021 година.

Штотуку заврши презентацијата на извештаите за граѓански мониторинг на локалните е-услуги во општините Врапчиште, Кривогаштани и Старо Нагоричане. Граѓанскиот мониторинг се спроведуваше од страна на локалното население во периодот ноември-декември 2021 година каде што локални набљудувачи ги набљудуваа достапноста и квалитетот на е-услугите во руралните општини, а врз основа на претходно изготвени алатки за мониторинг на локалната администрација. Зајакнувањето на свеста кај локалното население, креирањето на е-услугите на лесно достапен и разбирлив начин, и тоа креирање токму на оние услуги кои што им се најпотребни на граѓаните, но и вклучување на младите во процесите на обезбедување на ваквите услуги кон локалното население беа дел од главните препораки кои што произлегоа од извештаите за граѓански мониторинг. Редовното ажурирање на веб страниците на општините како би имало населението пристап до редовни и навремени информации исто така беше една од главните препораки за унапредување на достапноста и квалитетот на е-услугите во руралните општини. Презентацијата беше организирана во рамките на проектот „Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа“ кој е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI и Центарот за европска политика (Белгија).