Реализиран состанок со тимот на Паблик на кој потпишавме меморандум за соработка!

Oбјавено на 29.12.2021 година.

Како што веќе споменавме 2021 година ќе ја завршиме во духот на соработката. Новогодишните и божиќни пакетчиња ни се нарачуваат на големо, а внатре меѓу другите производи ги има и честитките на Лице в лице. Но, целта на нашата иницијатива е многу подлабока и подолгорочна, па успеавме да направиме продуктивен состанок со тимот на Паблик / Public, да ги разгледаме глваните предизвици со кои што се соочуваат жените од руралните средини, но и да ги видиме можностите за заеднички придонес во делот на социјалната економија. Крајот на разговорот го заокруживме и со потпишување на меморандум за соработка чии што редови ќе ги реализираме заедно и ќе испишуваме нови позитивни социјални приказни во текот на цела 2022 година!