Новогодишните пакетчиња со здрава и локално произведена храна од рацете на вредните жени на “Наша тезга“ стигнаа и во рацете на дечињата од подрачното основно училиште Гоце Делчев во селото Тумчевиште

Објавено на 31.12.2021 година.

2021 година ја заокружуваме во знакот на соработката и промоцијата на руралниот развој. Новогодишните пакетчиња со здрава и локално произведена храна од рацете на вредните жени на “Наша тезга“ стигнаа и во рацете на дечињата од подрачното основно училиште Гоце Делчев во селото Тумчевиште. “Соработката со граѓанските организации и делувањето на локално ниво, на нас образовните институции ни е од клучно значење особено во делот на реализација на предвидените активности, но и од аспект на овозможувањето на што поголем опфат на деца по принципот “Никој да не биде изоставен“, беше споменто на чинот на потпишувањето на меморандумот за соработка од страна на директорот на училиштето, г-динот Орце Милески. Едукацијата, пак на децата од најмали нозе за вредноста на средината во која што растат и се развиваат, а се со цел да израснат во успешни млади луѓе кои што активно ќе работат на промоцијата на руралниот развој, но и ќе вложуваат во одржливоста и квалитетот на живот во руралните средини е една од клучните активности на кои што посветува особено внимание Рурална Коалиција, спомена нашата извршна директорка, Лилјана Јоноски. И токму тука повторно до израз доаѓа иновативноста и креативноста на децата од руралните средини, па истите изработуваат сопствени пакетчиња со производи, украси и честитки како возврат на пакетчињата кои што ги добиваат од Рурална Коалиција. Од ваквиот гест сите ние може да научиме многу! Ваквите изработени пакетчиња од деца ќе завршат повторно кај деца и тоа во здружението на родители на деца со попречености “Надеж“ од Кичево.

Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas.