Рурална Коалиција дел од првиот саем на социјални претпријатија со производите од “Наша тезга“

Oбјавено на 19.12.2021 година.

Полека, но сигурно чекориме на патот кон социјалното претприемaштво. Денес бевме дел од првиот саем на социјални претпријатија Support to Social Enterprises – Поддршка на социјалните претпријатија и тоа со што друго, ако не со производите на нашите вредни жени од руралните средини! Лешниците на Живка, гравот на Цаци, лутеницата на Данче, фефероните на Добрила, ајварот на Мира, декорацијата на Стевка, како и останатите производи на огромен број жени кои што ако ги набројуваме ќе ни требаат 10 страници, денес ја красеа “Наша тезга” на Рурална Коалиција. Производите имаа можност да ги видат, а и дегустираат и Штефан Худолин, одговорен за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-динот Fatmir Bytyqi, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска која што особено ја истакна потребата за унапредување на социо-економската состојба на жените од руралните средини.