Општина Јегуновце и Рурална Коалиција ги разгледуваат можностите за соработка

Објавено на: 17.12.2021 година.

И понатаму продолжуваме да ја градиме соработката со руралните општини.

На наше огромно задоволство вчера оствариме средба со градоначалникот на општина Јегуновце, г-динот Димитар Костадиноски кој што ја изрази својата подготвеност за соработка и заедничко делување на полето на руралниот развој како и придонес кон создавањето на одржливи рурални заедници и подобар квалитет на живот во истите.
На средбата градоначалникот имаше можност да се запознае со работата на Рурална Коалиција, но и да вкуси од производите на вредните жени од “Наша тезга“, а исто така истакна дека и во општината има многу жени кои што произведуваат земјоделски производи и преработки па ја изрази својата подготвеност да организираме средби со жените од општината и да ги вклучиме на платформата.
Во наредниот период ќе следи потпишување и меморандум за соработка со кој што пак ќе се обврземе на интензивна работа во општината, а во насока на создавање одржлив рурален развој.