Рурална Коалиција дел од фестивалот “Ден на граѓанските организации”

Објавено на 25.09.2021 година.

Да се биде дел од најголемото семејство на заедницата во граѓанското општество е чест и привилегија, меѓутоа воедно и силна обврска и посветеност да придонесете колку што можете повеќе!

Токму тоа се обидовме да го направиме ние на 4-тиот по ред фестивал на граѓански организации во организација на Civica Mobilitas и да покажеме колку ни е важен руралниот развој во нашата земја, но и да ја најавиме првата платформа за продажба на земјоделски производи произведени од страна на жени од руралните средини производи кои што исто така беа дел и го красеа нашиот штанд. Таму бевме и за да ја промовираме работата на првиот локален центар за е-владеење кој што е директна поддршка за земјоделците при користењето на е-услугите, но таму бевме и да зборуваме за климатските промени и ранливоста на земјоделството.

Таму бевме исто така да и се заблагодариме на H. E. Сибил Сутер Техада за нејзиниот неуморен ангажман и поддршката на Швајцарската амбасада на граѓанското општество кај нас токму преку програмата на Civica Mobilitas.

Нека ни расте заедницата на Civica Mobilitas Community а заедно со неа нека растат и промените кои што ги носи со себе токму граѓанското општество!