Руралниот женски пазар “Наша тезга” претставен и пред бизнис заедницата

Објавено на: 16.09.2021 година.

Рурална Коалиција полека, но сигурно го гради бизнис партнерството, но и го отвора патот кон социјалното претприемништво и тоа благодарение на заложбите на Konekt и GIZ North Macedonia , a рамките на проектот насочен кон изградбата на првиот женски рурален е-пазар “Наша тезга”.
 
“Наша тезга” беше промовирана пред бизнис партнерите, медиумите, дизајнерите, ИТ компаниите, а се со цел да може да добијат слика до каде е стигната изградбата на платформата, но и да утврдат каде ќе може да го дадат својот придонес и својот белег во изградбата на платформата, а со тоа да ги поддржат жените од руралните средини во нивната продажба и економски бенефит.
 
Овој период тече прибирањето на податоците на терен од жените кои што се заинтересирани да станат дел од платформата, по што пак ќе следува и презентација на нивните животни приказни, но и на креирањето на првите пакети со земјоделски производи создадени од жените од руралните средини за сите нас!
 
Следете не во најголемиот потфат кој што Рурална Коалиција го прави од нејзиното основање, а во насока на унапредување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини, а додадената вредност на ваквата иницијатива е што директно придонесува и кон Целите за одржлив развој на Обединетите нации Global Goals for Sustainable Development особено кон целта 5 – Родова еднаквост и целта 8: Достојна работа за сите и економски раст.