Одржана првата конститутивна седница на Советот за соработка на Владата со граѓанското општество

Објавено на 15.09.2021 година.

Работната недела ќе ја заокружиме со уште една информација која што е од значење за граѓанското општество, а во која што свој удел и придонес има Рурална Коалиција.
 
На 15.9.2021 година Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Првата (конститутивна) седница на која што беа споделени информациите за работата на претходниот состав на Советот, а беа избрани и претставниците на работната група за реформа на државното финансирање кое што всушност е едно од најгорливите прашања со кои што се соочува граѓанскиот сектор, а еден од членовите на оваа група ќе биде и извршната директорка на организацијата, Лилјана Јоноски.
 
Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество Македонија Скопје беше повторно избрана за претседателка на Советот, а Гордана Гапиќ-Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација за заменик на претседателката на Советот.
 
Дополнителни информации за првата седница на вториот состав на Советот може да најдете на веб страницата на Одделението за соработка со невладини организации.