Едукативно видео за добивање на е-услуги од Националниот портал uslugi.gov.mk

Објавено на 11.09.2021 година.

Погледнете го првото од двете едукативни видеа кои што се изработени во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“, а кое што е изработено на лесен и едноставен разбирлив јазик за сите граѓани и кое што во детали го објаснува процесот на аплицирање за добивање на е-услуги од националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Ваквото видео треба да го олесни процесот на дигитализација во руралните средини и да го зголеми користењето на е-услугите од страна на земјоделците и населението во руралните средини. Паралелно со ваквиот едукативен дел се организираат и отворени денови на терен каде што се доближуваат и практично се аплицира за е-услуги на терен во соработка со локалните општини и институции кои што се јавуваат како партнери во проектот. Целосното видео е достапно на следниот линк. Проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“ е финансиран како под-грант во рамките на регионалниот проект „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda кој што го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија) Metamorphosis Foundation, Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas