Назначени членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Објавено на 09.09.2021 година.

Врз основа на член 36 став 6 од Законот за Владата на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015), член 1 и член 3 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 98/16, 164/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/19 и 116/2021) Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 јули 2021 година, донесе Решение за назначување членови на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

За членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, се назначуваат:

а) за членови на Советот од редот на вработените во органите на државната управа

  • Јасминка Ангелова, Министерство за внатрешни работи,
  • Бојана Босилкова, Министерство за правда,
  • Санела Хаџибулиќ, Министерство за политички систем и односи меѓу заениците,
  • Розика Бојаџиева, Министерство за финансии,
  • Елизабета Тодорова, Министерство за економија,
  • Аднан Селмани, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Слободанка Анчевска, Министерство за здравствo,
  • Билјана Трајковска, Министерство за образование и наука,
  • Лидија Штерјов, Министерство за труд и социјална политика,
  • Ели Чакар, Министерство за локална самоуправа,
  • Љуљзим Селмани, Министерство за култура,
  • Сашо Секуловски, Министерство за животна средина и просторно планирање,
  • Гордана ГапиќДимитровска, Министерство за информатичко општество и администрација,
  • Христина Конеска Бероска, Секретаријат за европски прашања,
  • Гордана Цекова, Агенција за млади и спорт.

б) за членови на Советот  од редот на здруженијата и фондациите

  • Фани Каранфилова Пановска, Фондација Отворено општество Македонија Скопје, област Развој на граѓанскиот сектор;
  • Снежана Камиловска Трповска, Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, област Демократија и владеење на правото;
  • Уранија Пировска, Здружение Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија Скопје, област Промоција и заштита на човековите права и антидискриминација;
  • Никица Кусиникова, Здружение Конект Скопје, област Економски и одржлив развој;
  • Димитар Низамовски, Здружение на граѓани Младински образовен форум Скопје, област Наука, образование и доживотно учење;
  • Зоран Илиески, Коалиција на младински организации Сега Прилеп, област Млади;
  • Јасминка Фришчиќ, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Скопје, област Социјална заштита и заштита на деца;
  • Далиборка Златева, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, област Заштита на маргинализираните лица;
  • Татјана Стоименовска, Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, област Родова еднаквост;
  • Андреј Сених, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни Скопје, област Заштита на здравјето;
  • Лилјана Јоноски, Здружение Рурална коалиција Куманово, област Земјоделство и рурален развој;
  • Тијана Ана Спасовска, Јадро Асоцијација на независната културна сцена Скопје, област Култура;
  • Никола Додов, Здружение за потикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, област Медиуми и информатичко општество; и
  • Драгица Костадиновска, Здружение мултиетничка организација за интернационални култури Мозаик Меик Скопје, област Спорт.

За избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики, во тек е Јавен повик за гласање кој трае до 11.8.2021 година.

Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција ќе го претставува секторот земјоделство и рурален развој за што доби поддршка од граѓанските организации во секторот и за нејзин втор мандат.