Дијалози за Дигитална агенда

Oбјавено на 06.07.2021 година.

Најголемиот дел од граѓаните не ја разбираат или немаат информации за Дигиталната агенда на државата, а отсуствуваат и клучни стратешки документи за да се доближат е-услугите до граѓаните, како на пример Стратегија за дигитална писменост или Стратегија за ИКТ или пак голем дел од стратегиите се со веќе поминати рокови.

Исто така ниту ЕУ не предвидува целосно укинување на издавањето на услуги на шалтер, но за да се намалат гужвите пред шалтерите, а да се зголеми квалитетот на издадените услуги и задоволството кај граѓаните во рамките на Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda проектот се отворени 3 локални центри за поддршка на дигиталните услуги и тоа еден во Скопје, еден во Прилеп кој што ќе ја опфаќа и општина Долнени и еден во Кичево кој што нуди поддршка како локален центар за е-владеење, а чија што работа ја координира токму Рурална Коалиција, која што освен во Кичево својата поддршка преку локални агенти и во соработка со општините ќе ја дава и во Врапчиште, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Струмица и Гостивар.

На инфографикот подолу може да најдете дел од сумираните податоци во рамките на извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија, а кои што беа промовирани на денешниот настан “Дијалози за дигиталната агенда“ во организација на Metamorphosis Foundation.

Целиот извештај е достапен тука