Отпочна процесот на креирање на новата стратегија за соработка на граѓанските организации и Владата

Објавено на 02.07.2021 година
 
Започна да се креира новата стратегија за соработка на Владата со граѓанските организации.
 
Формирана е работната група на ГО кои што доставија предлози до Одделението за соработка со невладини организации од која што работна група дел е и Рурална Коалиција.

-Реформата на системот на државното финансирање, креирањето на соодветен модел за преговорите со ЕУ, социјалното претприемништво, поголема застапеност на активностите на ГО и локалната самоуправа беа само дел од предлог активностите кои што беа дискутирани на работната група, а кои што потоа ќе го поминат и процесот на широки консултации со граѓанското општество

-Креирањето на стратегијата за соработка на ГО со Владата има за цел да ги отвори процесите и да ја зацврсти континуираната соработка помеѓу институциите и ГО, а на ГО преку ваквите отворени процеси на креирање на стратегијата им е дадена можност да предлагаат свои активности и на таков начин да придонесат во процесите на креирање на политики, но и на отворена и транспарентна соработка со институциите
-Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан преку институционален грант во програмата на Civica Mobilitas