Едукативна работилница на тема: Паметни земјоделски климатски практики

Објавено на 06.07.2021 година.

Како до паметни земјоделски климатски практики? Ја имаме ли можноста за тоа? Колку ќе ни треба на нас во секторот земјоделство за да ги примениме истите?
-Вистинска дебата, дискусија, но и конструктивни предлози беа дадени на вчерашната едукативна работилница за климатските промени во земјоделството, која што ја организираше Рурална Коалиција, а во рамките на проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството“, кој што финансиски го поддржува Фондација Отворено општество – Македонија
-Предлозите и заклучоците од едукативната работилница ќе бидат искористени и при подготовката на 5-те документи за јавни политики кои што се наредната активност предвидена во рамките на проектот, а ваквите едукативни работилници влијаат и на зајакнување на свеста, но и потребата за зајакнување на свеста кај земјоделците за примена на практики кои што ќе значат ублажување или прилагодување на ефектите од климатските промени во секторот кој што е најмногу зафатен од истите, а најмалку се зборува за него, односно секторот земјоделство и рурален развој
-Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas