Достапноста на е-услугите на локално ниво – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација? – нов предизвик за Рурална Коалиција

Објавено на 07.07.2021 година.

Во рамките на проектот ВеБЕР 2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација) во периодот 7- 9 јули во Маврово се одржува работилница за грантисти, граѓански организации на кои им беа доделени мали грантови од областа на реформа на јавната администрација. Работилницата претставува можност за запознавање со грантистите со кои што ќе соработуваме во претстојниот период во процесот на имплементација на нивните проекти.
На првиот ден од работилницата грантистите ги презентираа нивните проекти, а тимот на ВеБЕР ги претстави клучните наоди од Вториот извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација. Исто така, се осврнавме на процесот на консултации со граѓани на ниво на ЕУ, а грантистите преку конкретни примери од своите проекти ни објаснија како ќе вршат локални консултации со граѓаните.