Рурална Коалиција учествува на вториот Балкански рурален парламент

Oбјавено на 16.06.2021 година.

Рурална Коалиција дел и од вториот Балкански рурален парламент благодарение на членството во Rural Development Network of North Macedonia . На 15-ти и 16-ти јуни, во Охрид, извршната директорка на Коалицијата имаше можност да учествува во размената на искуства, знаења, но и во делот на креирање на предлог политики кои што треба да го унапредат руралниот развој и да го направат одржлив, а во исто време да придонесат и кон социо-економскиот развој на целокупното општество. На парламентот учествуваа над 60 претставници од сите засегнати страни во секторот – институции, граѓански организации, донатори од сите земји од Западен Балкан, а на крајот на настанот беше усвоена и декларацијата која што го гарантира заедничкото вложување во руралните заедници 2nd Balkan Rural Parliament Balkan Rural Development Network