Рурална Коалиција ја гради својата стратегија за застапување со менторска поддршка на програмата EU TACSO 3

Објавено на: 23.06.2021 година.

Техничката и менторска поддршка за граѓанските организации е повеќе и од значајна особено кога станува збор за изработката на стратешките документи и нивното позиционирање како во рамките граѓанското општество така и во однос на нивното позиционирање пред институциите.
Во таа насока Рурална Коалиција за прв пат изработува стратегија и акциски план за застапување и тоа токму преку техничка поддршка од Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција (EU TACSO 3) EU TACSO каде што има можност да работи со д-р. Симонида Кацарска и низ еден менторски и активен процес да ги изгради своите позиции во областите во кои што работи организацијата, а секако и во однос на институциите и ЕУ интегративните процеси.
Менторска поддршка и и градење на стратегија е обезбедено со финансиска поддршка од Европската Унија.