Регионална конференција “Климатски промени и зелена економија”

Oбјавено на 22.06.2021 година.

Извршната директорка на Рурална Коалиција, Liljana K. Jonoski со свое обраќање за поврзаноста на земјоделството, климатските промени и зелената економијa.  Зелена економија всушност не води низ принципот на одржливо и обновливо користење на природните ресурси како што се вода, воздух, почва, а тоа е и основниот предуслов за креирање на одржливо земјоделско производство кое што пак директно ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот и животната средина во руралните заедници.

Она што ни се чинеше премногу далечно и недостижно пред една деценија сега стигнува во регионот, а започнува да се применува и кај нас, а кон тоа се приклучуваат и јавните институции, како што е случајот со ЈП Пазари во Битола кои што се едни меѓу првите јавни претпријатија кои што имаат инсталирано фотоволтаични панели.

Излагањето се реализираше во рамките на регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија“ во рамките на проектот “Зелена економија за развој на регионот”,
финансиски поддржан од Европската унија, а спроведуван од страна на Eko-svest, Fors Montenegro од Црна гора, Smart kolektiv од Србија, EDEN од Албанија, CRP од Босна и Херцеговина, како и SLAP Асоцијација од Хрватска.