ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОКВАЛИТЕТНА ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА ЗА СИТЕ!

Објавено на 25.06.2021 година

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира локалната заедница овој пат за најмалите членови на заедницата. Имено, во период од 3 месеци активно се работеше на уредување на надворешниот простор за игра на децата од градинката Олга Мицевска во Кичево, а на предлог на неформална група на граѓани која што ја предводеше токму директорот на градинката, г-динот Садик Ахмети. Тој имено напомена дека е повеќе и од важно да се мотивира локалното население и да се активира, а се со цел да придонесе кон зголемување на квалитетот на живот во заедницата затоа што промените треба да дојдат токму од кај нас самите односно граѓаните. Воедно тој ја изрази својата благодарност до Рурална Коалиција и програмата на Цивика Мобилитас за поддршката и придонесот во уредувањето на дворот на градинката со набавка на лизгалка, детски играчки и придонес кон уредување на надворешното окружување во кое што децата ја поминуваат својата игра.

Лилјана Јоноски, пак, извршната директорка на Рурална Коалиција истакна дека ваквите иницијативи на локално ниво ни се и повеќе од потребни затоа што оставаат добар пример, но во исто време и ги мотивира и останатите заедници да се активираат и да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница затоа што пак промените се можни само ако самите ги донесеме што е и основното мото на програмата на Цивика Мобилитас, односно “Граѓаните за промена“. Таа додаде дека поддршката исто така и од страна на донаторите во нашата земја е повеќе и од потребна особено кога се прават вакви акции кои што ги поттикнуваат самите граѓани и кога особено се однесуваат за оние на кои што ја оставаме иднината, ама и кои што се обидуваме да ги задржиме во локалната заедница, а тоа се децата.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска

 

Погледнете ги сликите пред да се уреди дворот:

Погледнете ги сликите по уредување на дворот: