Се одржа и 31-вата и воедно и последна седница на првиот состав на членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Објавено на 22.04.2021 година.

На седницата беа избрани Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, Елизабета Божиноска од ХЕРА, како и Наташа Бошкова од Коалицијата Маргини за членови на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство.

На седницата беа разгледани и усвоени дополнувањата на предлог-одлуката и предлог-Деловникот за работа на Советот, а се со цел да се унапреди неговата работа, а беше дополнет и јавниот повик за избор на 5 членови од редот на здруженијата во работната група за изработка на измени и дополнувања на законот за здруженија и фондации.

Деталите за седницата се достапни на веб страницата на Одделението за соработка со невладини организации , и на веб страницата на Рурална Коалиција која што во рамките на годишниот план поддржан од Civica Mobilitas редовно ја следи работата на Советот преку посебно изработен таб за информирање достапен тука.