Дали сте аплицирале за некоја од мерките на ИПАРД програмата?

Објавено на: 22.04.2021 година.

Овие денови говориме многу за финансиската моќ и економската стабилност која што ја имаат жените во руралните средини, а се обидуваме да го најдеме и одговорот на прашањето како до развиено женско претприемништво во руралните средини?
📍Една од можностите кои што треба да доведат до економско јакнење на жените во руралните средини и да ја зголемат конкурентноста на нивното производство се и фондовите, како и различните мерки кои што државата ги нуди, а во насока на поддршка и развој на руралните средини и воопшто кон унапредување на економскиот развој на државата
Но, дали ваквите мерки се препознаени и дали се искористени од страна на жените во руралните средини?
📍 Следниот инфографик ни покажува многу јасно, но и алармира во исто време дека сеуште не можеме да зборуваме за искористеност на мерки и бенефит од истите барем кога се жените во прашање затоа што дури 82% од нив не аплицирале воопшто досега на било која од мерките кои што нудат финансиска поддршка, а прикажани се и причините зошто е тоа така.
📌Податоците се дел од обемниот и сеопфатен извештај изготвен во рамките на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ финансиран од Center for Research and Policy Making a oвозможен со финансиска поддршка од Austrian Development Agency и SIDA.
Рурална Коалиција е членка на регионалната Gender Budget Watchdog Network.