Рурална Коалиција го надоградува знаењето и учи од експерти!

Објавено на 16.04.2021 година.

Како дел од Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda мрежата која што ги опфаќа граѓанските организации од Западен Балкан, а која што е насочена кон доближување на Дигиталната агенда до граѓаните, но во исто време и зголемена употреба на е-услугите, тимот на Рурална Коалиција има можност да следи континуирани вебинари преку кои што го надоградува своето знаење и учи експерти кои што доаѓаат од земја која што е предводник во дигитализацијата, а тоа е Естонија.

На последниот вебинар кој што се одржа вчера, проектниот тим на Коалицијата имаше можност да ги види и да ги развие алатките кои што ќе ја зголемат промоцијата на е-услугите, но и преку користење на новите медиуми, особено социјалните мрежи, да допре до различните таргет групи со фокус на земјоделските и руралното население, а се со цел да успее да изгради успешна комуникација, да понуди препораки, но и да го зголеми учеството на сопствената таргет група во практикувањето на демократското е-општество.

Во исто време, Рурална Коалиција токму во рамките на оваа мрежа го спроведува проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА”, а наскоро ќе ја промовира и првата платформа за е-земјоделски услугии директна поддршка на локалното население во добивањето на е-услугите.