Каде е родовиот баланс во земјоделството и руралниот развој?

Објавено на 16.04.2021 година.

Продолжуваме да прашуваме, но и да анализираме каде е родовиот баланс во секторот земјоделство и рурален развој.

84% од жените во руралните средини се изјасниле дека Ковид пандемијата имала негативен ефект врз нивниот живот, но и врз економската моќ на нивното семејно земјоделско стопанство.

Но, дури 69% од жените сметаат дека немаат ЛЕСНО ДОСТАПНИ И РАЗБИРЛИВИ информации за повици,мерки,можности за финансиска поддршка!

Податоците се дел од теренското истражување спроведено во 8 плански региони со жени и мажи од руралните средини, а во рамките на проектот “Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој” финансиран од Center for Research and Policy Making, а овозможен со финансиска поддршка од Аustrian Development agency и Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete .