“Конектирај се” – главна мотивација која ги спои бизнис компаниите со граѓанските организации

Објавено на 08.04.2021 година.

“Конектирај се” – беше главната мотивација која што денес на едно место ги стави бизнис компаниите и граѓанските организации, а во организацијата на Конект, со кои што Рурална Коалиција ја отпочна соработката со бизнис секторот преку Донаторскиот кружок, а ја продолжува и понатаму во истата  насока и во зацврстувањето на релациите со компаниите, што пак за Рурална Коалиција е уште едно ново поглавје кое што Коалицијата ќе го развива во годините на работа кои што претстојат пред нас.

Денес 6 организации, меѓукои што токму и Рурална Коалиција имаа можност да ги презентираат своите идеи и иницијативи во насока на директен придонес кон достигнувањето на Global Goals for Sustainable Development, а преку директна соработка со бизнис компаниите кои што беа и повеќе од заинтересирани за секоја од иницијативите.

Рурална Коалиција придонесува кон остварување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации, особено цел 8: Достоинствена работа за секој и Цел 5: Родова еднаквост, со креирањето на виртуелен рурален женски пазар каде што ќе може да се промовираат и да се продаваат локалните земјоделски производи, но и нивните преработки на еден нов, лесно достапен начин за сите.

Ова е и еден од моделите како ќе се креираат нови работни места и достојни приходи, но и достојна работа за жените од руралните средини кои што беа едни од најпогодените за време на Ковид пандемијата, а имаа најмала поддршка со оглед на тоа што најголемиот дел од нив не се осигурани по ниту еден основ, па се целосно невидливи во системот на државата.

Ваквиот настан е еден од ретките каде што се дава можност за директна соработка со бизнис секторот и вклучување на сите засегнати чинители во достигнувањето целите за одржлив развој.Годишниот план за работа на Руралната Коалиција е поддржан од Civica Mobilitas