5 успешни приказни за унапредување на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации меѓу кои што и таа на Рурална Коалиција

Објавено на 30.03.2021 година.

Денес беа споделени 5 успешни приказни за унапредување на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации, меѓу кои што и таа на Рурална Коалиција, а во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓанските организации”, која што ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС со Balkan Civil Society Development Network  и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во период од 2018 до 2021г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Имаше навистина што да се слушне, што да се сподели и што да се научи, а во насока како отчетно и транспарентно работење на граѓанските организации придонесува кон одржливост на мрежите/коалициите. Во секој дел, Рурална Коалиција го истакна значењето на партиципативното спроведување на процесот на стратешко планирање за институционалниот развој на коалицијата, додека пак кодексот за добро управување ги зацврстува демократските вредности, како и транспарентноста и отчетноста во работењето на управувачките структури во Коалицијата.”Делувањето во мрежа значи градење на круг на доверба со организациите-членки кој што постојано мора да се одржува и унапредува, а како да се достигне транспарентност и отчетност која што ќе го овозможи и главниот предизвик со кој што се соочуваат мрежите. Но,токму пак, довербата, отвореноста, транспарентноста, споделувањето на знаења, искуства, практики, заедничкото делување е она што им ја дава моќта на придонес на мрежите во општеството и ги прави препознатливи.” – спомена во своето излагање извршната директорка на Коалицијата, Лилјана Јоноски. Руралната Коалиција и понатаму ќе работи на унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето затоа што тоа е единствениот начин како Коалицијата може да се подготви и да делува во процесите кои што ни следуваат, а тоа се реформите во системот на држанво финансирање, отворањето на пристапните преговори со ЕУ итн… каде што ваквите вредности се поставени на високо скалило кое што го дава легитимитетот и кредибилитетот на организацијата.