На 30март се одржа редовната годишна седница на Собранието на Рурална Коалиција

Објавено на 30.03.2021 година.

Демократското управување во една граѓанска организација, меѓудругото значи и континуирано делување на сите нејзини органи, вклучувајќи го и највисокото тело на организацијата, Собранието.

 

 На 30-ти март се одржа редовната годишна седница на Собранието на Рурална Коалиција каде што се верификуваше членството на новите 5 здруженија-членки, па им посакуваме искрено добредојде во коалицијата: Здружение напредок, поддршка и одржлив развој на жени Apple Tree од Скопје, Здружение за културен и земјоделски развој Егри, Организација на жените на општина Свети Николе-оwmsvn, Foundation of Local and IT Development-Gevgelija, и Здружение Радика Де.
Членството во Рурална Коалиција всушност значи партнерство во остварување на заедничка мисија која што ја имаме сите ние, а тоа е создавање на одржлив локален у рурален развој во кој што родовата еднаквост, човековите права и економскиот развој ќе бидат водечката сила на локалното население кон поквалитетен животен стандард.
Исто така, на Собранието и посакавме добредојде на нашата нова членка на Управниот одбор, Зујца Газепова за која што веруваме дека искрено ќе го подобри управувањето на Коалицијата и ќе го издигне на повисоко ниво делувањето и препознатливоста на Коалицијата како активен чинител во секторот земјоделство и рурален развој.
Беа усвоени Стратегијата за организацкиски развој на Коалицијата за период 2021-2025, како и Кодексот за добро управување изготвени со поддршка на Balkan Civil Society Development Network и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на програмата за транспарентно и отчетно работење, како и измените на Статутот кои што овозможуваат гласање и донесување на одлуки по електронски пат, а беше едногласно усвоена и одлуката за основање на социјално претпријатие и додавање на уште една област во работењето на организацијата а тоа е социјалното претприемништво.