Годишната програма за работа на Рурална Коалиција како и достигнувањата за 2020 година презентирани во магазинот Анторис

Објавено на 14.03.2021 година

Рурална коалиција веќе седум години работи на разни проекти на полето на унапредување на руралните средини, преку кои директно од терен се обидува недостатоците и барањата на земјоделските производители да ги доближи и отвори заедно со надлежните институции. Иницираа низа проекти за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. Реализираа повеќе едукативни и организациски работилници. Помогнаа во заедничкото делување на земјоделците и околу донесување на некои мерки и регулативи во интерес на производителите. Но, најмногу го свртеа вниманието на јавноста со проектот за родова еднаквост на жените од руралната средина. Колку успеаа во оваа политика, колку ги наметнаа своите ставови и ја охрабрија популацијата од руралната средина да не губи надеж, говори извршната директорка на Коалицијата, Лилјана Јоноски. Целото интервју може да го прочитате на следниот линк.