Тренинг за новинари за сензибилизација на родот во медиумите

Објавено на 10.03.2021 година.

Преку едукација на новинарите се дава една нова димензија врз актуелизирање на проблематиката околу родовата еднаквост. Токму тие, новинарите се оние кој влијаат на избегнувањето на родовите стереотипи и родовиот јаз во општеството, преку употребата на родово неутрален и несексистички јазик.

Родовото одговорно буџетирање, овозможува по-транспарентно и по-одговорно буетирање во рамките на општините, додека пак взаемната соработка на граѓанските организации и медиумите претставуваат контролен механизам на ваквото работење.

Тренингот за новинари за сензибилитација на родот во медиумите, е една од активностите која ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики заедно со проектните партнери – Новинари за човекови права, Лулуди, Рурална Коалиција и Ехо Штип во рамките на проектот “Низ женски леќи:покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”, финансиран од ЕУ, како дел од кампањата “Месец на родова рамноправност во донесувањето на одлуки”.