Среќен 8-ми март!

Објавено на:08.03.2021година.

Време е да започнеме со кампањата, време е да започнеме да ги пренесуваме пораките, време е да му го дадеме вистинското значење на 8-ми март затоа што секоја ЕДНА е ВАЖНА и затоа што родовата еднаквост треба реално да ја живее секоја ЕДНА!

Руралната женска мартовска кампања е начинот на кој што Рурална Коалиција во партнерска соработка со здруженијата “Вредни росомански раце” од Росоман и “Здружение Радика Де”, до Дебар придонесува за да излезат од економска невидливост жените од руралните средини и да започнат да го живеат она што и како основно човеково право им е загарантирано, а тоа е родовата еднаквост, тоа е правото на работа, тоа е правото на заработување, тоа е правото на градење на сопствен бизнис, тоа е правото на сопствен имот, тоа е правото на сопствен глас на одлучување како во домот, така и во локалната заедница, така и во институциите како на локално така и на национално ниво.

Набргу следува и календарот на настани за кампањата, како и најавата на активностите поврзани со родово-одговорното буџетирање на локално ниво. Следете не и приклучете ни се!

Нека 8-ми март биде секој ден, а секој ден нека биде ден кој ќе го минуваме во родово-сензитивно и родово-одговорно општество.

Годишниот план на Рурална Коалиција е поддржан од страна на Civica Mobilitas.