Датум: 08 октомври 2020
Одржана обука за практично застапување на барањата на жените од руралните средини
На денешната обука одржана во Гостивар, а во насока на унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини имавме можност уште еднаш да поминеме низ веќе идентификуваните потреби и барања за економска и социјална инклузија, но исто така и да утврдиме што е она што сме го испуштиле или не било споменато во текот на истражувањето или досегашната работа на терен. Понатаму, ги добивме основните совети, но и алатки кои што треба да ги користиме кога станува збор за застапување на потребите и барањата на граѓаните пред локалните и национални креатори и донесувачи на одлуки. Тоа пак ќе ни помогне на нас колку што е можно подобро да ги презентираме, но и да ги застапуваме барањата и потребите на самите жени особено пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како главна национална институција која што ги креира програмските мерки за поддршка на активните членки на семејните земјоделски стопанства. Обуката се реализираше во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница” кој што e финансиран како под–грант во рамките на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од
Rural Development Network of the Republic of Macedonia, а финансиран од We Effect и Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbet



