Дистрибуирани 100 пакети со средства за дезинфекциjа и лична заштита, но и со пораки за практикување на родовата еднаквост во руралните средини како основно човеково право

Во периодот од 15-30 jуни 2020 година беа посетени 10 села во 5 различни плански региони – Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југозападен и Jугоисточен каде што беа поделени промотивни материjали и 100 пакети со средства за дезинфекциjа и лична заштита.

Имено во рамките на проектот “Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини” работеjќи на прашањето за унапредување на практикувањето на родовата еднаквост како основно човеково право беше предвидено одржување на 10 инфо денови во 10 рурални месни заедници на кои што ќе се разговараше за темата родова еднаквост меѓутоа како основно човеково право и дел од поглавjето 23 – Правосудство и темелни права, а се со цел да се зголеми нивото на информираност каj жителите од руралните средини за ова ЕУ поглавjе кое што всушност и прво се отвара во преговорите, но поради неговата комплексност последно се затвора.

Како сите би можеле подеднакво да придонесеме кон ЕУ интеграциските процеси потребно е претходно да ги познаваме истите, па токму и тоа беше целта на одржувањето на инфо-деновите во руралните средини кои што всушност требаше да бидат заокружување на претходниот 6-месечен период на изработка и дистрибуциjа на инфо и едукативни материjали за родовата еднаквост и Поглавjето 23.

Поради корона кризата немаше услови да се одржат инфо деновите на предвидениот начин, меѓутоа се изнаjде начин како информациите да допрат до руралното население, а посебно до жените од руралните средини, а при тоа да се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот. Се организираше посета на 10 села во 5-те плански региони опфатени во проектот, при што освен промотивните материjали на жителите во руралните средини им беа поделени и пакети со средства за дезинфекциjа и лична заштита  од Корона вирусот.

При посетата на жените беа испратени и пораките од нивна страна кои што го содржеа следново:

  • Корона вирусот влиjаеше на животот во село и ги смени целосно условите за живот во селото на кои што претходно бевме навикнати;
  • Ако е тешко во урбана средина да си жена и маjка, тогаш во рурална средина е двоjно, па дури и троjно потешко;
  • Ние немаше каде да извадиме потврди и да не работиме за да ги чуваме нашите деца, туку и работиме и ги чуваме нашите деца во исто време;
  • Нема on-line земjоделство и работа на поле;
  • Психолошкиот притисок како да се постигне се на време е ОГРОМЕН
  • Посебна поддршка наменета за регистрирани жени земjоделки нема, а во останатите категории речиси и никаде да не влегуваме
  • Економските приходи сега се намалуваат значително, а тоа се очекува да продолжи и со есенското производство, па стравот за економското преживување е постоjано присутен
  • Во Корона кризата видовме колку ни се важни и колку ни се потребни основните услуги како што се jавен превоз коj наjчесто го немаме по селата, потоа колку е важно да имаме сопствено здравствено и пензиско осигурување, колку е важно да имаме градинки, да имаме лекар, да имаме амбуланта
  • Ова е прв пат некоj да доjде во село и да му е важно нашето мислење, односно да не подготви за она што ќе следува со нашата иднина во ЕУ бидеjќи за вакви прашања никоj никогаш не ни се обратил, а камоли пак да знаеме дека родовата еднаквост е толку важна дури на ниво на основно човеково право
  • Ваквите активности кои што се прават треба да бидат постоjани бидеjќи како ние ќе помогнеме или како ќе се вклучиме во одредени процеси кога за нив и не знаеме!

Иако на краjот беше предвидено да се направи и изложба на фотографиите, истата во услови на Корона вирус е поставена електронски и е достапна на следниот линк:  Изложба на слики-жените од руралните средини и нивните пораки

Проектот “Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини“  е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Повеќе на нашата facebook страна