Uncategorized

Вмрежувањето и заедничката соработка ја затворија 2020 година

Датум на објава: 31.12.2020

На самиот крај на 2020 година Рурална Коалиција потпиша уште еден меморандум за соработка и тоа овој пат со Банката за храна – Храна за сите. Двете организации заедничката соработка ја градат подолг временски период, па се појави и потребата од нејзино официјализирање како би се поставила и темелите на взаемното делување во годината која што следува,а во делот на градењето на стратешки пристап кога станува збор за производството на храна, делувањето во руралните средини и обезбедувањето на храна на оние на кои што им е најпотребно.

Прочитај повеќе

Рурална Коалиција ќе го гради првиот виртуелен локален пазар на земјоделски производи со обезбедена поддршка од донаторскиот кружок 2020

Датум на објава: 30.12.2020

Над 150 граѓани се здружија паметно а преку 60 граѓани донираа веќе 445.000 денари за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат благосостојбата на граѓаните и заедниците и тоа за три граѓански организации: Здружение за дислексија Ајнштајн, ДПД – Свети Николе и Рурална Коалиција.

Благодарение на бизнис секторот,граѓанските организации и самите граѓани Рурална Коалиција ја доби потребната поддршка за да изгради виртуелен локален женски е-пазар каде што жените од руралните средини ќе може да пласираат и да ги продаваат приозводите, па само со неколку клика сите ќе имаме сите ќе имаме можност да се запознаеме со традицијата на производството, со животните приказни на жените и да си купиме чиста и здрава локално произведена храна

Прочитај повеќе

Кампањата “Различни пакетчиња за различна нова година” со која што се промовира локалното производство на здрава храна за прв пат влезе и во градинките

Градинката “Олга Мицеска” од Кичево е првата градинка во нашата држава која што се приклучи кон кампањата за промоција и поддршка на локалното производство на храна преку делење на пакетчиња со здрава храна на 150 деца кои што се згрижени во градинката. Дополнително, се потпиша и меморандум за соработка токму во оваа насока да се продолжи да се работи и понатаму затоа што здравите навики за исхрана кај децата се формираат од најмали нозе, а исто така треба да знаеме дека секое трето дете според последниот извештај на UNICEF за нашата земја, е дете со прекумерна телесна тежина. Од друга страна пак дури 84% од земјоделските производители почувствувале негативни ефекти од Кивод кризата, па така сега е вистинско време да ја изразиме максимално поддршката кон локалните земјоделски производители и да се свртиме кон конзумирање на локално произведената храна.

За крај, соработката со градинката Олга Мицеска од Кичено има многу поголема и подалечна визија а тоа е менување на свеста кај населението за користење на локалните земјоделски производи, па како би можеле да успееме ако не почнеме токму од најмалите чии навики за исхрана се формираат во оваа возраст.

Огромна благодарност до градинката Олга Мицеска што ни стана нов партнер во остварување на нашата мисија. Кампањата #различнипакетчињазаразличнановагодина се спроведува во рамките на програмата на Civica Mobilitas

Денес започнуваме со ново поглавје во нашата работа

Објавено на 12.23.2020

Денес за прв пат дониравме… Денес за прв пат внесовме нов дел во нашето работење, а тоа е поддршката на оние на кои што им е најпотребно… И тоа со што? Со она за кое што ние постојано се залагаме и вложуваме, а за кое што се покажа како клучно во време на криза.А тоа е домашното локално производство на храна.А како да ги поддржиме домашните земјоделски производители ако не со нивна промоција и тоа кај кого, кај најмалите и најмилите, за да знаат дека пакетчињата може да бидат и поинакви и тоа полни со здравје! И во овој потфат не сме сами, па така пакетчињата ни ги направија од Добра Земја – задруга за органска храна  а ги доделивме на  ONE CAN за да ги дадат на дечињата од еднородителски семејства.И ништо од ова не би било вака ако ја немавме поддршката од Civica Mobilitas  па уште еднаш по кој знае кој пат се докажа дека институционалната поддршка е клучна за развојот на секоја граѓанска организација. Рурална Коалиција и One can – Една може! се институционалните грантисти во програмата на Civica Mobilitas.