НАСТАНИ

Брза анализа на превземените и предложени мерки за справување со влијанието на епидемијата од Ковид-19 (второ издание)

Центарот за истражување и креирање политики, овој пат  со соработка и помош од Радар,  ЕХО – Штип,  Гласен текстилец,  Рурална Коалиција,  Движење против хендикеп Полио плус и Националната мрежа за борба со насилството врз жените и семејно насилство продолжуваат да даваат личен придонес кон дијалогот на политики кој се води по однос на мерките кои се донесени или предложени да бидат усвоени во поглед на последиците од Ковид -19.

Нашите забелешки повторно се од родова перспектива и имаат за цел да го намалат родовиот јаз кај мерките кои се носат од страна на Владата имајќи ја предвид изразената подредена улога на жената за време на кризата.

Погледнете го второто издание на брзата анализа  во прилог  и дознајте кои се нашите препораки за убалжување на последиците од кризата предизвикана од корона-вирусот од родов аспект.

Here you can have a look at the English version.

Е-Земjоделство и активности во време на пандемиjата предизвикана од вирусот КОВИД-19 Тема: – Родовата еднаквост во рурални средини во услови на криза

Земjоделството и руралниот развоj се наоѓаат пред нов предизвик со каков што никогаш претходно не биле соочени. Колку ќе бидат погодени од кризната состоjба предизвикана од Ковид 19, кого се истата ќе го опфати, какви ќе бидат економските, но и социjалните и здравствени показатели за состоjбите во руралните средини останува да видиме. Рурална Коалициjа веќе спроведува on-line информативна кампања Е-Земjоделство во услови на Ковид 19, а една од темите кои што ги обработува е и родовата еднаквост во руралните средини. Ваквото видување на состоjбите е споделено со граѓанските организации во земjите во регионот, како и со UN Women и генералниот заклучок е дека состоjбата е слична во сите земjи од Западен Балкан, па и пошироко.
Повеќе…

Правила за движење на земjоделските производители во време на забрана за движење

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денес – (среда 08.04.2020):

  • Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
  • Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. 

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува по претходно веќе воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. 

Повеќе…

Е-Земjоделство и активности во време на пандемиjата предизвикана од вирусот КОВИД-19

Земjоделството и руралниот развоj се наоѓаат пред нов предизвик со каков што никогаш претходно не биле соочени. Колку ќе бидат погодени од кризната состоjба предизвикана од Ковид 19, но и како влиjаат воведените мерки за надминување на истата? За таа цел, Рурална Коалициjа ги предлага и превзема следниве мерки и активности во кампањата наречена Е-Земjоделство во услови на Ковид 19.  ПОВЕЌЕ ЗА Е- Земјоделство во услови на Ковид 19….