НАСТАНИ

Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021

Објавено на 22.07.2021 година.

Во моментов имаме само 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно повторување на традицијата која ги прави жените невидливи во изборите. Жените само декларативно имаат право да бидат избрани и да изберат да бидат претставени. Да потсетиме, на локалните избори во 2013 беа избрани само 4 градоначалнички наспроти 76 мажи градоначалници, а во 1996 и 2009 немаше ниту една градоначалничка.

Значајно и релевантно политичко учество значи минимум застапеност од 40% на жените и мажите во политичкиот и јавниот живот. Како предлагачи на изборните листи, политичките партии се и чувари на портите што го олеснуваат влезот и успехот на поединците во политиката. Потсетуваме дека нема недостаток од квалификувани и искусни жени кои би можеле да преземат политички функции, туку општествени и структурни бариери за нивно вклучување; затоа тие мора да се повидливи и охрабрени да се вклучат во политичката трка.

Особено е важно да се спомене дека и во изборните програми на партиите, најголем дел од партиите ветуваа унапредување на политичкото учество на жените (вклучително и на локално ниво).[1]

Но, и покрај овие заложби, родовата нееднаквост е присутна на речиси сите нивоа на владеење, како на локално, така и во извршната власт каде од вкупно 16 министерства, само 4 се предводени од жени.

Декларативните заложби не ја унапредуваат фактички родовата еднаквост. Само со практични чекори можеме да видиме суштински промени и подобрување на родовата еднаквост во економската, социјалната, политичката и во сите други сфери на општеството.

Ги повикуваме политичките партии да ги одржат своите ветувања и да покажат заложба за родова еднаквост во пракса преку родово-балансирани кандидатски листи на локалните избори – еднаква застапеност меѓу кандидат(к)ите значи и еднакви шанси за избор и на жените и на мажите во градоначалничката трка.

[1] Реактор – Истражување во акција, 2020, Осврт на родовиот аспект во програмите и изборните листи на политичките партии за предвремените парламентарни избори 2020.

Превземено од: rodovaplatforma.mk

ТРОПСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЗЕМЈАВА

Oбјавено на 08.07.2021 година.

Земјоделието на удар од топлотниот бран. Високите температури влијаат на намалувањето на водата за наводнување, родот и квалитетот. Познавачите алармираат- климатските промени и несовесното однесување кон почвата ќе го земат данокот.

Метеоролозите велат дека топлото време ќе продолжи и во наредниот период.

Итната медицинска помош дневно има од 60 до 80 интервенции и покај граѓаните кои се хронично болни, имаат интервенции и кај децата во предшколска возраст, бремените жени и болните од карцином. Интервенции има и кај градежните работници и возачите во сообраќајот. Граѓаните велат дека од година на година топлината е се по изразена. Живата во термометарот стигнува до 40 тиот степен, на терен демне опасноста од пожари. Надлежните алармираат- општините да се погрижат за протипожарните служби, можностите за гаснење пожар се ограничени. Разладување може да очекуваме дури утре попладне и за викендот за кога се најавени локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер.

 

Достапноста на е-услугите на локално ниво – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација? – нов предизвик за Рурална Коалиција

Објавено на 07.07.2021 година.

Во рамките на проектот ВеБЕР 2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација) во периодот 7- 9 јули во Маврово се одржува работилница за грантисти, граѓански организации на кои им беа доделени мали грантови од областа на реформа на јавната администрација. Работилницата претставува можност за запознавање со грантистите со кои што ќе соработуваме во претстојниот период во процесот на имплементација на нивните проекти.
На првиот ден од работилницата грантистите ги презентираа нивните проекти, а тимот на ВеБЕР ги претстави клучните наоди од Вториот извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација. Исто така, се осврнавме на процесот на консултации со граѓани на ниво на ЕУ, а грантистите преку конкретни примери од своите проекти ни објаснија како ќе вршат локални консултации со граѓаните.

Едукативна работилница на тема: Паметни земјоделски климатски практики

Објавено на 06.07.2021 година.

Како до паметни земјоделски климатски практики? Ја имаме ли можноста за тоа? Колку ќе ни треба на нас во секторот земјоделство за да ги примениме истите?
-Вистинска дебата, дискусија, но и конструктивни предлози беа дадени на вчерашната едукативна работилница за климатските промени во земјоделството, која што ја организираше Рурална Коалиција, а во рамките на проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството“, кој што финансиски го поддржува Фондација Отворено општество – Македонија
-Предлозите и заклучоците од едукативната работилница ќе бидат искористени и при подготовката на 5-те документи за јавни политики кои што се наредната активност предвидена во рамките на проектот, а ваквите едукативни работилници влијаат и на зајакнување на свеста, но и потребата за зајакнување на свеста кај земјоделците за примена на практики кои што ќе значат ублажување или прилагодување на ефектите од климатските промени во секторот кој што е најмногу зафатен од истите, а најмалку се зборува за него, односно секторот земјоделство и рурален развој
-Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas