Балканската мрежа за рурален развоj го започна процесот на jакнење на сопствените капацитети во делот на прибирање на средства

Претставници на граѓански организации кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj, вклучуваjќи jа тука и Рурална Коалициjа, од 6-те балкански земjи – Косово, Србиjа, Северна Македониjа, Албаниjа, Црна Гора и Хрватска активно работат преку 3-дневен тренинг во Белград на развоj на капацитетите на Балканската Мрежа за Рурален Развоj во делот на развивање на стратегии, програми, но и примена на практики за прибирање на средства кои што ќе постават стабилна основа за поддршка на Мрежата во неjзиното етаблирање како силен и препознатлив регионален актер во креирањето на одржлив рурален развоj.

Балканската Мрежа за рурален развоj беше формално беше формирана во декември 2019 со седиште во Скопjе, иако неформално над 200 организации кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj ги застапуваат интересите на над 9 милиони жители од руралните области од Западен Балкан веќе 8-ма година по ред. Мрежата беше формирана со поддршка на Шведската развоjна агенциjа – We Effect.