Aleksandra Bozinovska

Рурална Коалиција дел од регионалниот Agricultural Policy Forum

12.10.2020 година

 

Рурална Коалиција дел од регионалниот Agricultural Policy Forum

 

Оваа работна недела ја почнуваме со придонесот кон креирање на политиките во земјоделството и руралниот развој особено во делот на давање на што е можно попрецизни, поконцизни и поспецифични препораки кога станува збор за пост-Ковид ситуацијата, но и во која насока може да го планираме и гледаме земјоделството, руралниот развој и производството на храна, но и како преку регионална соработка да придонесеме кон создавање на решенија кои што ќе водат кон одржливи рурални заедници. Тоа ни го овозможува Agricultural Policy Forum #APF2020 во организација на Swg Secretariat

 

Дополнително, оваа недела ќе ја бележиме и како Глобална недела на отчетноста 2020 година, па сите објави оваа недела дополнително ќе го имаат и хаштагот #BeAccountable

Обука за практично застапување на барањата на жените од руралните средини

Датум: 08 октомври 2020

 

Одржана обука за практично застапување на барањата на жените од руралните средини

 

На денешната обука одржана во Гостивар, а во насока на унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини имавме можност уште еднаш да поминеме низ веќе идентификуваните потреби и барања за економска и социјална инклузија, но исто така и да утврдиме што е она што сме го испуштиле или не било споменато во текот на истражувањето или досегашната работа на терен. Понатаму, ги добивме основните совети, но и алатки кои што треба да ги користиме кога станува збор за застапување на потребите и барањата на граѓаните пред локалните и национални креатори и донесувачи на одлуки. Тоа пак ќе ни помогне на нас колку што е можно подобро да ги презентираме, но и да ги застапуваме барањата и потребите на самите жени особено пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како главна национална институција која што ги креира програмските мерки за поддршка на активните членки на семејните земјоделски стопанства. Обуката се реализираше во рамките на проектотРодовата еднаквостклуч за економски силна рурална заедницакој што e финансиран како подгрант во рамките на проектотГрадење на капацитетите на МРР и нејзините членкиспроведуван од

Rural Development Network of the Republic of Macedonia, а финансиран од We Effect и Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbet