Aleksandra Bozinovska

94 Граѓански организации велат “Да” за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштита од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование

Објавено на: 02.01.2021

Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштита од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.

Прочитај повеќе

Гостување на извршната директорка на Рурална Коалиција во ТВ 24

Објавено на:29.01.2021

Жените во земјоделството се на маргините на оваа гранка од општеството и од економијата.Што треба да се направи за да се подобри нивниот статус? Дали државата треба да обрне особено поголемо внимание кон земјоделките? Како тие заеднички да си помогнат, здружувајќи се. Ова беше само една од темите на кои што говореше извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, во студио 10, на ТВ 24 со Огнен Јанески.

Дигитална писменост на локално ниво

Објавено на 26.01.2021

За да може да започнеме со приближување на дигиталната агенда во локалната заедница и користење на е-услугите како и за да може полека, но сигурно да го отпочнеме процесот на дигитална трансформација, треба да ја знаеме реалната состојба и моменталното познавање на дигиталната агенда во руралните средини.

За тааа цел тимот на Рурална Коалиција кој што работи на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА” Ве поканува да одвоите 5 минути од Вашето време и да ги одговорите прашањата зададени на овој линк .

 Проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА”е суб-грантиран во рамките на проектот “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” го спроведува Metamorphosis Foundation ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија ), Levizja Mjaft ( Албанија ), ЦРТА – Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија ), HBO 35мм ( Црна Гора ) и ODK – Отворени податоци Косово ( Косово ). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

На денешната 28-ма седница по ред на Советот за соработка и развоj со граѓанскиот сектор се разгледуваше програмата и одлуката за распределба на средства од Буџетот на РСМ за 2021-ва година

Објавено на: 01.20.2021

На денешната 28-ма седница по ред на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор се разгледуваше програмата и одлуката за распределба на средствата од Буџетот на РСМ за 2021-ва година

  •  Која и каква треба да биде улогата на претставниците на граѓанските организации во Комисијата која што ги носи одлуките за финансирање на граѓанските организации? Дали треба да бидат набљудувачи или пак дел од оценувачите? Дискусијата која што се разви на седницата упатува многу на веќе созреаната потреба за реформа на државниот систем за финансирање на ГО
  • Исто така, најавено е дека ваквата реформа ќе започне да се спроведува оваа 2021-ва година, па ќе треба сите како граѓански организации да ги следиме процесите, но максимално да придонесеме кон истите како би добиле систем или модел за државно финансирање по терк и мерка на ГО
  • Што се однесува пак до зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации, оваа година за прв пат јавно ќе бидат објавувани извештаите на граѓанските организации за веќе реализираните проекти финансирани од Буџетот на државата.
  • Известувањето за работата на Советот, Рурална Коалиција го реализира во рамките на годишниот план за работа на организацијата кој што е поддржан во рамките на програмата на Civica Mobilitas .