admin

Трета работилница за Стратешко планирање – Прилеп

Заврши процесот на стратешко планирање на организацијата, барем кога станува збор за консултацијата со членките, надворешните соработници и останатите засегнати страни. На третата работилница во Прилеп повеќе внимание се посвети на комуникацијата со институциите, ИПАРД програмата, предизвиците со добивањето на електронски услуги, како и начини и алатките за подобрување на внатрешната комуникација. Работилницата е последна од серијата на работилници кои што се организираа во рамките на процесот на стратешко планирање на Коалицијата. Стратешкото планирање како процес е дел од проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалиција”

Втора работилница за Стратешко планирање

Кои се клучните успеси кои што Рурална Коалиција ги има постигнато во изминатите 2 години? На кои главни приоритети и теми треба да работи во наредниот четиригодишен период? Кои се главните предизвици со кои што се соочува секторот земјоделство и рурален развој, но и до каде сме со процесот на унапредување на родовата еднаквост и нејзиното вкклучување во националните и локални аграрни политики? Каде е жената од руралната средина во процесите на одлучување, но и во делот на едукација и еманципација? До каде сме со економското јакнење, но и социјалната инклузија на жените од руралните средини? Ова се само дел од прашањата на кои што се обидовме сите заедно денес да дадеме одговор на втората работилница за стратешко планирање на Коалицијата која што се одржа во село Тумчевиште, Гостивар со почитување на сите здравствени протоколи. Работилницата е организирана во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа”, проект коj што е регрантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија #ЕУ

Прва работилница за Стратешко планирање

Отпочна процесот на стратешко планирање на Коалицијата… Првата средба со конструктивни предлози и идеи, но и проблеми и решенија кои што се јавуваат во секторот земјоделство и рурален развој се одржа во Куманово, а партнерите, како и надворешните соработници на организацијата ги дадоа своите видувања за организацијата и во која насока треба истата да продолжи да се развива во наредниот четиригодишен период Работилницата се организираше во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа“ коj што е ре-грантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија #ЕУ Благодарност до сите наши соработници кои што активно придонесуваат да се изгради одржлива и партиципативна Коалиција

Младински ангажман за глобално дејствување

По повод Меѓународниот ден на младите 12 август кој што оваа година се одбележува под слоганот “Младински ангажман за глобално дејствување” повторно го отвораме прашањето колку се активни и ангажирани младите од руралните средини во процесите на донесување на одлуки на локално ниво започнувајќи од месната заедница како основна клетка на делување во заедницата па нагоре. Дали младите од руралните средини ги имаат истите предиспозиции, истите предзнаења, истите можности за да се вклучат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво? Имено, последното истражување кое што го спроведе Рурална Коалиција во рамките на проектот “Преку медиумска писменост до подобрени локални младински политики” покажува дека ако во урбаните општини ги има Локалните младински совети истите не се застапени во руралните средини или пак ако во урбаните општини младите се запознаени со алатките за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, тоа не е така во руралните средини и општини, а за стратегија за млади не може да стане ниту збор. Она што е заедничко за сите млади е дека многу ретко се јавуваат како носители на иницијативи или акции и многу ретко соработуваат со локалните медиуми и новинари од најразлични причини, а најчестата причина во руралните општини е дека истите таму и ги нема. Ваквите показатели само го надополнуваат фактот дека сме сеуште далеку од рамномерен регионален развој, но и од препознатлив младински активизам особено во руралните средини каде што младите ги има се помалку и помалку. Ова само покажува дека е повеќе и од потребно да се превземат активности од и за самите млади како би се задржале во своите места на живеење, но и би дале придонес најпрво за унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница кое што пак дејствување на локално ниво понатаму ќе се пренесе и на национално, па и на глобално ниво. Целосниот извештај наскоро ќе биде достапен за споделување. Дополнително според Министерството за земјoделство досега има 24.423 регистрирани млади носители на семејни земјоделски стопанства кои што ја препознале вредноста на производството на храна и руралниот развој, а со нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки ќе се создаде и овозможувачка околина за нивен придонес кон севкупниот економски и социјален развој на локалната заедница. Проектот “Преку медиумска писменост до подобрени локални младински политики” е финансиран како под-грант во рамките на Проектот за младинско изразување, поддржан од #ЕУ а се спроведува од Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF во соработка со Младински Сојуз – Крушево и Центарот за балканска соработка – ЉОЈА.