Во време кога целиот свет мора да се прилагоди на новонастанатата ситуација со коронавирусот, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаваат итноста и преземаат солидарни чекори во своите заедници. Тие се соочени со предизвикот да ги затворат своите канцеларии, да ги приспособат нивните услуги на изолацијата, како и да покажат високо ниво на иновативност.
Една од алатките коjа што jа иницира Цивика Мобилитас во услови на Ковид 19 е известување за активностите кои што ги превземаат граѓанските организации во услови на криза предизвикана од вирусот Ковид 19. Активностите на организациите се достапни на веб страницата на Цивика Мобилитас https://civicamobilitas.mk/covid-19/, како и во изданиjата на вонредните билтени за справување со коронавирус пандемиjата. Во вонредниот билтен бр. 3 прочитаjте меѓудругото и за дел од активностите кои што ги превзема Рурална Коалициjа, а поврзани со родовата еднаквост во руралните средини и Корона вирусот. :