Активности за поддршка на граѓанското општество за време на пандемијата на Корона вирус/ COVID 19

И покрај рестриктивните мерки, тимот на EU TACSO 3  работи на далечина со полн капацитет и со употреба на сите расположиви алатки за on line комуникација со цел да се продолжи со спроведување на проектните активности. Дотолку повеќе, во следниот период тимот на EU TACSO 3  ќе лансира различни активности за комуникација, развој на капацитет, размена и сл. за да помогне на граѓанското општество од Западен Балкан и Турција да се справи со ситуацијата. Ова ќе вклучи: споделување на информации за расположиви on line алатки и организирање on line обуки како граѓанските организации да ги користат тие алатки за да продолжат со нивните активности, развивање на корисни прирачници и насоки, спроведување на некои од своите планирани активности за развој на капацитети on line, организирање на дополнителни обуки и размени за итни ситуации и одговор на кризи, и, по потреба фасилитирање консултативен процес за ЕУ повици  со користење на on line алатки.  Со ова проектот сака да придонесе и да помогне на граѓанските организации во спроведување на нивните мисии и да продолжат да служат на нивните заедници, корисниците, луѓето кои имаат потреба, ранливите групи и останатите за кои ситуацијата продолжува да се влошува, а присуството на граѓанските организации е неопходно.

Истовремено проектот сака да го насочи вниманието кон работата на граѓанските организации  и нивните приказни за работата што ја извршуваат, адаптирање на ситуацијата преку помош на заедниците,  ранливите групи, бездомниците, мигрантите, документирање на нивните предизвици и потешкотии. За ова ќе биде скоро објавен повик на веб страницата на проектот.

За идни информации за овие активности следете ја страницата на проектот  www.tacso.eu  и официјалната страница на Facebook  https://www.facebook.com/TACSO3/. Во текот на овој период ве молиме контактирајте не на welcome@tacso.eu  бидејќи нашиот проектен тим работи од своите домови.

Линк до објавата на веб страницата на EU TACSO 3: https://tacso.eu/