donator_rdnrm
donator_we_effect

Активни жени во руралните средини – активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница

Период на спроведување: jуни – ноември 2019

Проектот ја третира темата на родова еднаквост во рураланите средини, но е насочен кон економската активност на жените и како да се поттикнат истите што е можно повеќе да се активираат на локално ниво, како во процесите на донесување на одлуки, така и во делот на отпочнување или развој на агро-бизнисот во семејното земјоделско стопанство. Фактот дека само 5-6% имаат имот или обработливо земјиште на свое име или дека во најголем број на случаеви се оддалечени по 10 и повеќе километри од услугите (социјални, економски, градинки итн.) се доволно алармантни податоци за да се зголеми обемот на активности кој што го има во руралните средини, а кој што ги опфаќа и жените. Тие се тука, присутни, придонесуваат за развојот на заедницата, но нивниот труд и заложба сеуште не е доволно видлив, а за да стане препознатлив потребно е што е можно поголемо активирање на жените во локалната заедница.

Цели на проектот

Општа цел: Жените од руралните средини стануваат рамноправни активни чинители во унапредување на семејното земјоделско стопанство и економскиот развој на локалната заедница

Краткорочна цел 1: Зголемени знаења и капацитети на жените од руралните средини за родова рамноправност и вклучување во процесите на креирање на родово-сензитивни политики на локално ниво

Краткорочна цел 2: Зајакнати претприемачки вештини и капацитети кај жените од руралните средини преку размена на искуства и добри практики во заедницата

Резултати:

Очекуван резултат 1.1: Зголемен број на жени од рурални средини со зајакнати знаења и капацитети на тема родова рамноправност и креирање на родово-сензитивни политики

Очекуван резултат 1.2: Изградено и оперативно рурално женско лоби за промовирање и поттикнување на женскиот агро-бизнис во Североисточниот и Полошкиот плански регион преку размена на искуства и практики

Активности:

  • Спроведување на теренска анкета на 100 жени вкупно од Североисточниот и Полошкиот плански регион, а се со цел да се утврди степенот на познавање, но и на практикување на родовата рамноправност во семејното земјоделско стопанство, како и нивното познавање за процесот на креирање на родово-сензитивни политики на локално ниво, алатки за вклучување, отворени можности за економско јакнење на жената на локално ниво итн. Во рамките на оваа активност ќе се изврши и мапирање на економски активните жени во руралните средини од двата региони
  • Изработка на извештај со инфографици за реалната состојба на терен и економската активност на жените, но и нивната вклученост во процесите на креирање на политики на локално ниво
  • Јавна презентација на резултатите на две локални прес конференции во соработка со локалните медиуми (Куманово и Гостивар)
  • Организирање на 1 едукативно предавање на тема: Креирање на родово-сензитивни политики и алатки за вклучување и влијание на жените од руралните средини. На секое од предавањата е предвидено да земат учество по 10 жени од секој регион, кои што потоа ќе имаат обврска секоја во своето место на живеење да ги пренесе знаењата кои што ги стекнала по принципот на студиски кружок за што ќе добијат соодветни материјали и насоки на самото предавање
  • Основање на неформално рурално женско лоби и негово активирање со организирање на 2 взаемни посети на успешни семејни земјоделски стопанства предводени од жени во двата региони, односно 10 рурални жени од околината на Куманово одат на посета и размена на искуства во руралните средини во Гостивар и една посета на 10 рурални жени од Гостивар во Куманово заради размена на искуства и добри практики
  • Изработка на промотивно видео од активностите на проектот, но и со пораки на активните жени од рурални средини за економска и социјална инклузија – во текот на јавните настани организирани во рамките на проектот ќе се снимаат и инсерти, како и мотивациски изјави од страна на активните жени во руралните средини за економска и социјална еманципација на сите жени кои што живеат во руралните средини
  • Промоција на видеото на национална тркалезна маса со институциите и општините на тема: Економски можности и предизвици за жените од руралните средини, каде што ќе се истакнат предизвиците со кои што се соочуваат жените од руралните средини во извршувањето на економските активности, но ќе се разгледаат можности за нивно надминување, олеснување на критериумите за регистрација, отворање на сопствен бизнис, обезбедување на пензија, породилно отсуство итн.

 

Проектната инициjатива е финансирана од Мрежата за рурален развоj во рамките на проектот „Градење на капцитетите на МРР и нејзините членки, финансиран од We Effect